Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка кај депонијата Орланци, има повредени

Тешка сообраќајка кај депонијата Орланци, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи поладнево кај депонијата Орланци.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации на Центарот за управување со кризи, попладнево на единствениот европски број 112 и на бројот на Брза помош било пријавено дека во близина на депонијата кај Орланци се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во несреќата има двајца повредени, од кои едниот потешко.

Фотографиите од терен покажуваат дека едно од возилата кое учествувало во несреќата е целосно изгорено.

Од МВР велат дека во сообрајќајката учествувале „опел астра“ со кумановски регистерски ознаки и „шкода суперб“ со кумановски регистерски ознаки.

Сообраќајката била пријавена околу 14 часот, а возачите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители