Утрински Весник
Свет

Терористите на Ал Шабаб нападнаа хотел до претседателската палата во Могадишу, политичари скокаа од прозорци

Терористите на Ал Шабаб нападнаа хотел до претседателската палата во Могадишу, политичари скокаа од прозорци

Сомалиските исламски милитанти синоќа нападнаа хотел во кој има ресторан за владини претставници во главниот град Могадишу, објави „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда и контролира делови од земјата, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека цел била блиската претседателска палата.

„ Бевме потресени од силна експлозија, по што слушнавме пукање. Седиме во нашите куќи и слушаме пукање“, рече Ахмед Адбулахи, кој живее во близина на центарот.

Напаѓачите упаднале во хотелот „Вила Роуз“, но се уште не е познато колку има, соопштија полициски претставници.

Некои владини функционери избегаа бегајќи низ прозорците.

Безбедносните сили одговорија на нападот на Ал Шабаб врз хотел во областа Бондере во главниот град, објави државната телевизија СНТВ на Твитер.

„ Силите спасија владини претставници и граѓани кои беа заробени во зградата“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море

Маркус Пипер се повлече од местото претставник на ЕУ за мали и средни претпријатија

Шпанскиот премиер ја доби поддршката на Ирска и Норвешка за признавање на Палестина