Утрински Весник
Македонија

Територијата на Македонија, како и на целиот Балкански Полуостров под влијание на Антициклон – Следува сушен период!

Ecm1 120 1.gif

Новата седмица која е пред нас, односно во периодот од 14 Октомври, па се до 21 Октомври, територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), со центар над источна Европа. Во ваква ситуација кај нас ќе продолжи стабилното, суво и релативно топло време преку ден, додека наутро ќе биде постудено, а од средината на седмицата во утринските часови по котлините  и речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

Како што може да се види на Метеоролошката карта, недостаток на врнежи, односно сушен период ќе има над целата територија на Балканскиот Полуостров.

Што се однесува до температурите,  до средината на седмицата тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, а потоа ќе бележат тенденција на пад, па така веќе наутро понекаде тие ќе се спуштаат до околу, па  и за некој степен под нулата, особено во Беровскиот регион, како и на повисоките населени места и на планините.

Можете да прочитате

Словенка со туѓа картичка направила 47 интернет-трансакции од речиси 100 илјади денари

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод

ДУИ: Две години истрага без ниту еден доказ, апсурдно политичко обвинение за колективна одлука