Утрински Весник
Спорт

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи

20260717144927 big 730x400 62.webp.webp

Повеќе од 12.000 пораки со навредлива содржина биле испратени до тенисерки на социјалните медиуми минатата година, објавија ВТА и Светскиот тенис во својот заеднички годишен извештај за онлајн злоупотреба и закани.

Во 2025 година биле анализирани повеќе од 1,2 милиони објави и коментари на социјалните мрежи. Повеќе од 12.000 објави на платформите биле категоризирани како навредливи, а 3.726 објави како сериозни злоупотреби, вклучувајќи насилни, сексуални и расистички закани.


Извештајот, како што е наведено, резултирал со отстранување на 66 проценти од сериозно навредливите објави или коментари, додека 35 случаи биле пријавени во полиција.

Податоците, исто така, покажуваат дека 89 проценти од адресите од кои била констатирна сериозна злоупотреба во 2024 година не се појавиле повторно во 2025 година.

Податоците од „Signify Group“, компанија која користи вештачка интелигенција за откривање закани и злоупотреба, покажаа дека бројот на навредливи објави во 2025 година бил сличен на оној во 2024 година.

„Благосостојбата на тенисерките и тениското семејство е апсолутен приоритет за нас и за спортот како целина, а користењето на услугата „Threat Matrix“ е клучен дел од нашата поширока работа за заштита на тенисерките. Сознанијата од овој извештај се клучни за проширување на нашето знаење за проблемот и преземање решителни мерки за заштита на жртвите на гнасна онлајн злоупотреба со казнување на одговорните“, се вели во соопштението на ВТА и Светскиот тенис.

Системот „Threat Matrix“ користи вештачка интелигенција со поддршка на човечки аналитичари за анализа на содржината на платформите Икс, Инстаграм, Јутуб, ТикТик и Фејсбук.

Сите играчи на ВТА Тур се опфатени со услугата Threat Matrix во текот на целата сезона, а се анализираат пораки на 57 јазици.

Можете да прочитате

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето

Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија