Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор на министерот Муцунски со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија

Timco mucunski foto fejsbuk profil e1607276272238.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA.

Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.


Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка.

Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

Можете да прочитате

Камион се запали на Плетвар

Јавното обвинителство и Царинската управа – партнери во борбата против организираниот криминал и нелегалните царински активности

Апсење во Липковско – 24info.mk