Утрински Весник
Спорт

Тебас: Перез меша јаболка и круши

Тебас: Перез меша јаболка и круши
Ss2

Говорот на Флорентино Перез на Генералното собрание на Реал Мадрид, предизвика многу реакции во фудбалскиот свет. На говорот имун не остана и првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас.

dobivaj vesti na viber

Флорентино Перез голем дел од својот едночасовен говор посвети на непостоечкиот, но за Реал, сè уште живиот проект Суперлига. Смета дека фудбалот е болен бидејќи Здодевните натпревари предизвикуваат незаинтересираност кај младите. Од критики не беше поштедена ниту Ла Лига.

Ss1

„Како Ла Лига може да се пофали дека го продава својот бренд за иста сума како пред четири години како успех кога никој не ја зема предвид инфлацијата. Ги губиме луѓето кои плаќаат претплата, таа бројка е намалена за 40 проценти, а решението е зголемување на цените. Значи оние што останаа сега плаќаат поскапо“, рече Перез.

На овие критики реагираше претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Перез меша јаболка и круши затоа што го споредува фудбалот со другите спортови. Неговите податоци и анализа на пазарот се како оние што би ги слушнале во кафеана. Флорентино, те молам, немој ти да не браниш“, напиша Тебас на Твитер.

„Историјата ќе го памети Перез како еден од најдобрите клупски раководители, но само затоа што си одличен во водење на клуб не значи дека би бил одличен во управувањето на целото натпреварување. Од својата сигурна позиција, Перез дава изјави кои можат да ги убијат другите клубови, вклучувајќи го и Реал“, додаде првиот човек на шпанската лига.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал