Утрински Весник
Балкан

Таткото на исчезнатата Данка го поминал полиграфскиот тест на полицијата

1711710260 218744241 4229410627097284 6235561961074118229 N 768x1024 1.jpg

Таткото на исчезнатото девојче Данка (2 години), Милош Илиќ, поминал на полиграфскиот тест на полицијата. Мајката Ивана, денеска повоторно е во полициска станица во Бор, пренесуваат медумите во Србија и додаваат на полиграфски тест ќе се најдат повеќе лица. Двегодишната Данка исчезна во вторникот, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче. Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско Поле кај Бор и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред од кои девојчето исчезнало во вторникот. Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и куче спасител, соопшти денеска МВР. Припадниците на МВР во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, а на местото на настанот утрово пристигна и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ. Поради исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Можете да прочитате

Ердоган објави нов финансиски пакет вреден речиси две милијарда евра за поддршка на производствениот сектор на Турција

Бомба фрлена во домот на Здравко Чолиќ

МНР на Србија: Загриженост поради симболите и пораките во Хрватска