Утрински Весник
Македонија

Татко со нож се обидел да го убие сопствениот син, му нанел три убодни рани

Татко со нож се обидел да го убие сопствениот син, му нанел три убодни рани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен маж кој со нож се обидел да го убие сопствениот син.

dobivaj vesti na viber

На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот извршил семејно насилство и со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот син. По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, осомничениот зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на оштетениот во пределот на стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Во намерата да го изврши убиството го спречил сведок, кој му помогнал на оштетениот и го пренел во болница.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело.

Имено, тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил „да го реши оштетениот“, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото.​

Можете да прочитате

Напад со остар предмет во автобус во Скопје

На 6ти февруари ќе започнат преговорите за инфраструктурниот Коридор 8

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“