
Албанскиот премиер Еди Рама на крајот од самитот на НАТО во Анкара потврди дека следниот самит ќе се одржи во Тирана.
“Како велеа, самитот нема да се одржи во Албанија. Но, времето кога она што другите го сакаа се правеше со Албанија е минато, сега Албанија прави што вели и кажува што прави, па затоа следниот самит ќе биде во Тирана“, вели Рама во куса видео порака од Анкара, заедно со членовите на делегацијата.
Албанската државна агенција АТА, објави дека Генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, изјавил дека Тирана е следниот домаќин на Самитот на НАТО.
-Следниот самит на НАТО ќе биде во Албанија. Ова е одлуката во Хаг, но и во Анкара. Значи, ние ќе одлучиме и за точното време кога ќе се одржи“, изјавил Руте на новинарско прашање.
Според агенцијата оваа одлука ја потврдува стратешката улога на Албанија како сигурен и важен партнер на Западен Балкан и во Северноатлантската алијанса.
Потсетува дека одржувањето на Самитот на НАТО во Тирана било доведено во прашање поради неисполнувањето на Албанија на обврската за вложување средства во одбраната.


