Утрински Весник
Скопје

Без струја денеска повеќе улици во Скопје

Struja.webp.webp

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека денеска (11 јули, сабота) поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе населени места во општините Петровец, Сопиште и Студеничани.

Во периодот од 08:15 до 15:15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Огњанци, Чифлик, дел од Петровец, Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари Лозја, пумпата Фазанерија, ЗИК „Фазанерија“, Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, пумпата на водоводот во Кожле и тунелот Катланово во општина Петровец.9


Од 08:30 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од селото Држилово, викенд-населбата Држилово, селото Јаболци и Патишка Река во општина Сопиште.

Во периодот од 08:15 до 15:15 часот без струја ќе останат и корисниците од селата Црн Врв и Елово во општина Студеничани.

Од ЦУК апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Можете да прочитате

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Герасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски” е во завршна фаза