Утрински Весник
Македонија

Татко на повредено момче од Кочани со емотивна објава: Лазар од обезбедувањето цел црн од чад, видно изнемоштен и со тешко дишење влезе со мене да го бараме син ми!

Screenshot 7.jpg

Антонио Тасевски, татко на едно од повредените деца во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, преку својот Фејсбук профил се огласи и кажа што навистина се случувало таа кобна ноќ.

„Јас, татко на едно од повредените деца, чуствувам морална должност и обврска да и се обратам на целата јавост во врска со кобната ноќ во дискотеката Пулс.


Кога ми јавија дека диското се запалило и син ми Љупче не можат да го најдат, итно се упатив на лице место и таму веќе покрај многу народ имаше и полициско присуство. Ја паркирав колата и трчејки кон влезот на диското полицајци ми довикуваа дека не смеам да одам натаму.

На самиот влез на дискотеката го видов Лазар Захариев од обезбедувањето како извлекува едно повредено дете и беше целиот црн од чад и видно изнемоштен и го прашав дали го има видено син ми Љупче и се упатив внатре во диското иако се уште гореше. Лазе иако беше истоштен и тешко дишеше влезе со мене внатре да го бараме син ми.

Додека полицајци довикуваа да не влагаме, Лазе по којзнае кој пат таа вече си го ризикуваше сопствениот животот за да спаси уште едно дете. Тука во прва линија пред оганот беа и другите членови на обезбедувањето сите исцрнети вознемирени и истоштени. Според мене тие се херои и не им е местото во притвор“, вели Тасевски.

Можете да прочитате

Претседателските кандидати вкупно потрошиле 7,5 милиони евра во кампањата, покажа извештајот на ДЗР

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Од денеска отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица