Утрински Весник
Македонија

Таравари: Жртвата од пожарот имаше тешки изгореници и откажување на бубрезите

486740102 1205457077611316 4300803702260667034 n 1.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди тажната вест за смртта на шеесеттата жртва од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Станува збор за пациент кој се лекувал во Литванија, а според информациите, бил еден од најкритичните. Имал 40% изгореници на телото и бил ставен на дијализа поради откажување на бубрезите.


– Утрово ја примивме веста дека пациентот кој се лекуваше во Литванија починал. Тој беше ставен на дијализа поради откажување на бубрезите на 1 април и имаше 40% изгореници на телото. Подолго време беше во критична состојба. Имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото – изјави министерот Таравари.

Тој додаде дека има уште тројца до четворица пациенти кои се во исклучително тешка здравствена состојба и дека нивната состојба се следи внимателно.

– Се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог – изјави Таравари.

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ