Утрински Весник
Македонија

Таравари за Законот за бранителите: Сега не е моментот да се разговараат такви теми

Taravari 1.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари кој е од коалицијата „Вреди“ денеска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со Законот за бранителите, рече дека сега не е моментот да се разговараат такви теми.

-Не знам зошто се драматизира Законот за бранителите. Ова е седми пат, Законот е донесен 2002 година, 2005, 2007, 2009, 2013, 2015 и сега мислам дека не е моментот да се разговараат такви теми. Таа точка сега за сега нема ни да се третира, нема ни да помогне. Ништо трагично, зошто толку драматизираат? Овие партии што се опозициски, посебно албански, сите имаат изгласано шест пати таков закон, така што мислам дека не е моментот за тоа да се разговара, одговори Таравари на прашањето дали со коалицијата ќе разговара за овој Закон.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја повтори поддршката за бранителите и рече дека претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути треба да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители. Истакна и дека со „Вреди“ не разговарале за законот.

-Не сме разговарале на таа тема, многу јасно сме го соопштиле нашиот став во минатото. Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка, изјави Мицкоски.

Законот за бранители на предлог на пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска доби поддршка да се носи по скратена постапка во рамки на 14. собраниска седница.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче

Леон не беше поканет на роденден, но доби изненадување што го допре цело Скопје

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 160.000 евра и пожар па граѓаните останале без струја