Утрински Весник
Македонија

Таравари: Пациентка два пати беше реанимирана, денеска е во подобра состојба

Taravari 1 April.jpeg

Министерот за здравство, Арбен Таравари информира дека од вкупно 57 пациенти од кочанската трагедија кои се лекуваат во Скопје и странство, само двајца се во критична состојба. Сите други пациенти се екстубирани и некои се на рехабилитација.

-Една пациентка која што двапати беше реанимирана, денеска е на Пластична хирургија и е во многу подобра состојба. Почна да се движи. Добар пример за пациент кој што беше многу тежок, а наскоро ќе продолжи со лекување дома, кажа Таравари на денешната прес-конференција.


Во Скопје се хоспитализирани девет пациенти: двајца на Клиниката за пластична хирургија, четворица во болницата „Свети Наум Охридски“, еден во ГОБ „8 Септември“, додека останатите се згрижени во приватни здравствени установи. Сите се во стабилна состојба, потенцираше Таравари.

Во странство се лекуваат 48 пациенти, но денеска се очекува враќање на еден од нив од Унгарија, со што бројот на пациентите кои продолжуваат со лекување надвор од земјата ќе се намали на 47.

Министерот очекувал над 50 пациенти кои што би требало подолгорочно да се третираат. Во Литванија еден пациент ќе остане уште еден месец, со цел негова целосна рехабилитација.

Можете да прочитате

Големо празнично отворање: Ѓорѓиевски ги повикува граѓаните на заедничко осветлување

„Безбеден град“ се одложува – Новиот датум за старт е 1 февруари 2026

Општински и градски служби најавуваат затворање, организаторите тврдат – нема затворање на Зимзоленд!?