Утрински Весник
Македонија

Таравари: Нема таков фактор кој може да влијае во Алијанса за Албанците

Таравари: Нема таков фактор кој може да влијае во Алијанса за Албанците

На Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска се дискутира дали партијата од опозиција ќе премине во власт.

dobivaj vesti na viber

Сепак, претседателот на партијата, Арбен Таравари, пред почетокот на ЦС рече дека тоа нема да биде и конечна одлука затоа што планот е да се организира референдум меѓу членството.

„Ако се одлучи да се влезе во Владата, тогаш ќе формираме една комисија од три или пет члена која ќе има задача да организира партиски референдум во сите ограноците и да седне и да преговара за понатаму дека можеме да разговараме за ресори и друго. Ако не, тогаш овде ја затвораме оваа приказна и продолжуваме како опозиција“ – изјави Таравари.

Тој напомена дека „европската агенда треба да се протурка по секоја цена и не треба да се брза со избори“.

„Бидејќи имавме обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажам кој политички фактор или странска амбасада се меша АА да биде во Владата, јавно им кажувам дека нема право никој да се меша во одлуките на партијата, ниту меѓународен фактор, ниту внатрешен фактор, ниту надворешен. Меѓутоа, ние сме имале комуникација со нив и ни е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка, дека не треба да се брза со избори. И ние сме кажале дека и ако сме опозиција и ако сме во влада, ќе ги изгласаме уставните промени. Нема таков фактор кој може да влијае во АА за да биде одлучувачки“ рече Таравари.

Лидерот на АА смета дека евентуалниот влез во Владата ќе има и позитивни и негативни страни за партијата.

„Досега немаше партиски тела, моја обврска е пред членовите на Централното собрание да ги соопштам сите информации што ги имам во овие контакти со други политички партии, со релевантни политички чинители во регионот и со меѓународните претставници што сум разговарал. Да кажам што се нивните аргументи, мислења, не за влегување туку за целокупната ситуација“ – порача Таравари.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните