Утрински Весник
Македонија

Таравари: Mладите се јадрото на населението, иселувањето на младите е државен аларм

Taravarimig4.jpg
300x250 (7)

Претседателскиот кандидат од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари на форумот „Миграција на младите” зборуваше за иселувањето на младите од Северна Македонија, кое, како што вели Таравари, се претворило во вистинска чума. „Епидемијата на иселување има повеќедимензионални последици, врз економијата, општеството и семејството. Иселувањето има долгорочни последици за економската перспектива и развојот на државата бидејќи најголем дел од иселениците, врз основа на податоците, се млади, тие се највиталниот и најквалификуваниот дел од општеството.Тие се јадрото на населението што од ден на ден се намалува. Иселувањето влијае и на нашата социјална структура каде Албанците се несразмерно погодени од овој проблем. Иселувањето директно влегува во нашите семејства бидејќи не останало речиси ниту едно албанско семејство во земјава, на кое не и се одвоил дел со избор на патот на иселувањето”, рече Таравари. Според него, државата не треба да дозволи да се заобиколи талентот и потенцијалот на младите луѓе, додека удобноста на власта, и покрај фактите на статистиките, сама по себе претставува аларм дека на Македонија и требаат промени. „Вистинска промена на менталитетот на владеење. Нова Влада која деноноќно ќе се залага да обезбеди подобра благосостојба за сите свои граѓани, особено за младите кои се иднината на државата. Не велам дека ќе целосно ќе ја спречиме оваа гама на масовна миграција на младите, но јас како следен претседател и ВРЕДИ како идна влада, ќе вложиме максимални напори и континуирана посветеност да создадеме услови преку прогресивни политики кои во фокус ќе го имаат граѓанинот, особено младите кои одговараат тие да се чувствуваат себеси како составен и активен дел од ова општество”, рече Таравари. Таравари додаде дека запирањето на иселувањето на младите може да се случи доколку имаме зголемени инвестиции во образованието и поддршка на претприемништвото, инвестиции во регионален развој, транспарентност и отчетност, ангажирање на иселениците како и поддршка за повратниците. „Да работиме рамо до рамо за да создадеме општество каде нема ниеден талент да се изгуби и секој поединец да придонесе за просперитетот и благосостојбата на земјата. Затоа, денес стојам пред вас, не за кампања и ветувања, туку за да слушам, сакам да ги слушнам вашите грижи, вашите очекувања, вашите идеи, па и вашите соништа, за улогата што треба да ја одигра државата во обезбедувањето подобра перспектива во татковината”, рече на крајот Таравари.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар текст од млад автор

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај