Утрински Весник
Македонија

Граѓаните на Скопје поблиску до Армијата, голема посетеност на армискиот Отворен ден на Воениот стадион

Sliki 20.jpg
Ss2

Граѓаните на Скопје денеска на Воениот стадион имаа можност одблиску да се запознаат со опремата и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите JLTV оклопни возила. Показна вежба имаа армиските Ренџери, а претставени беа специјалните сили, баталјонот на Воената полиција, Воено-медицинскиот центар, воздухопловниот ВИНГ, армиските кучиња. Полковникот Васил Митевски од Командата за операции истакна дека му е чест што денеска граѓаните на Скопје можат да се запознаат со дел од армиската опрема и порача дека членството во НАТО е важно од безбедносен аспект, но и во однос на соработката со сојузниците. „За нас како Армија членството во НАТО претставува една голема можност за соработка со сите НАТО партнери со цел зголемување на нашите способности, како и способностите коишто треба да ги исполниме во НАТО Алијансата”, рече полковникот.

Отворен ден на Армијата се организира во рамки на одбележувањето на 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. Досега беа организирани пет отворени денови во Струмица, Кавадарци, Штип, Тетово и Прилеп, денеска армијата е и во Скопје и Охрид, а утре завршниот отворен ден е во Кичево.

300x250 (7)

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година