Утрински Весник
Магазин

Тарантино: „Беше еднаш во Холивуд“ е мојот најдобар филм

Тарантино: „Беше еднаш во Холивуд“ е мојот најдобар филм

Еден од најуспешните режисери на сите времиња, Квентин Тарантино, откри кој од неговите филмови го смета за негово најдобро дело.

dobivaj vesti na viber

Тарантино рече дека филмот „Беше еднаш во Холивуд“, според него, е најдобриот што е создаден под неговата палка.

Режисерот во својот обемен опус има филмови како Pulp Fiction, Reservoir Dogs, Kill Bill, Django Unchained и многу други, но се чини дека филмот што го објави неодамна му е драг на срце.

„Со години луѓето ме прашуваа такви работи“, изјави тој за Variety.

„И јас би рекол нешто како, О, сите тие се мои деца. Искрено мислам дека „Беше еднаш во Холивуд“ е мојот најдобар филм“ рече Тарантино.

Филмот е сместен во 1969 година и се фокусира на поранешниот ТВ актер Рик Далтон (Леонардо ди Каприо) и неговиот двојник Клиф Бут (Бред Пит), кои се преселуваат во Лос Анџелес во обид да се пробијат во Холивуд.

Филмот го собори сопствениот рекорд на режисерот, заработувајќи околу 40,4 милиони долари во првите два дена од прикажувањето. Импресивната изведба на бокс офисот значеше дека филмот го надмина претходното отворање на Тарантино со најголема заработка, Inglorious Basterds, кое заработи 38 милиони долари во 2009 година.

Некогаш во Холивуд на 92-то доделување на Оскарите доби номинации за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер, најдобро оригинално сценарио, најдобра кинематографија, најдобра костимографија, најдобра монтажа на звук и најдобар микс на звук, пренесува Index.hr.

Можете да прочитате

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Пирамидите во Мексико откриваат тајни од древната историја