Утрински Весник
Култура

Таксират Скопје ќе ги користи просториите на МКЦ за реализација на проектот

Таксират Скопје ќе ги користи просториите на МКЦ за реализација на проектот

ЈУ Младински културен центар е согласен Здружение за култура и уметност Таксират Скопје да ги користи просторните капацитети на ЈУ МКЦ за реализација на проектот Таксират и ПИН Конференција, кој е планирано да се одржи во текот на 2023 година, под дополнително утврдени услови за соработка, кои ќе се договорат не подоцна од 15 дена по објавување на резултатите од конкурсот.

dobivaj vesti na viber

Доколку Здружение за култура и уметност Таксират Скопје добие поддршка на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национаелн интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година, ЈУ Младински културен центар, во согласност со своите временски, просторни и технички можности, е согласен да пристапи кон склучување договор во кој ќе бидат дефинирани сите права и обврски на двете инволвирани страни, како и условите под кои ќе може да бидат користени просторните и техничките капацитети.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“