Утрински Весник
Македонија

Tренчевска: Владата се обврза дека ќе има нулта толеранција кон сите форми на насилство врз жените

Јованка Тренчевска – министерката за труд и социјална политика учествуваше на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавната рамка за поддршка на телесната автономија“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА.

Таа изрази задоволство за можноста да се разговара за толку значајни прашања, како што е насилството преку интернет врз жените и девојките, и изрази поддршка на Bodyright кампањата, која претставува глобален повик да се спречи насилството врз жените и девојките во виртуелните простори.

Министерството за труд и социјална политика заедно со останатите засегнати чинители во општеството сериозно работи на креирањето на политики и преземање на акции за превенција и заштита на жените и девојките од родово базирано насилство, вклучувајќи го и насилството преку интернет, сексуалното и репродуктивното здравје, унапредувањето на правата на жените и на девојчињата, на семејствата и заедниците, рече Тренчевска.

„Владата на Република Северна Македонија се обврза дека ќе има нулта толеранција кон сите форми на насилство врз жените со преземање на конкретни мерки и активности во една од приоритетните области, родовата еднаквост. Оваа обврска беше потврдена преку усвојување на националните заложби на Самитот во Најроби во 2019 година“ – рече Тренчевска.

Во време кога е особено разиена технологијата и информациите брзо се шират, рече Тренчевска, сведоци сме на злоупотреба на интернетот и дигиталните технологии за комуникација, за насилство врз жените, говор на омраза, сексизам, злоупотреба на фотографии и видеа и нивно фалсификување. Сведоци сме и кај нас преку социјалните мрежи колку често се шири говорот на омраза и сексизмот кон жените и девојките. Токму затоа наша заедничка обврска е да се бориме против ваквото кршење на човековите права на жените.

Можете да прочитате

Падна првата оставка во СДСМ

Мицкоски: Ќе ја вратиме надежта на народот, резултатите ќе се почувствуваат во првите 100 дена на новата Влада

Силјановска: Има ли поголема промена од таа првпат жена да стане претседател