Утрински Весник
Магазин

„Tој ме научи сè што знам за глума“: Говорот на Мира Сорвино на „Оскарите“ експлодира на интернет по неговата смрт

Видео од Мира Сорвино како му оддава почит на својот татко Пол Сорвино на „Оскарите“ во 1996 година стана вирално по неговата смрт на 83-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Набргу откако се рашири веста за неговата смрт, се појави видео-клип од неговата ќерка Мира Сорвино, во кој таа го споменува својот татко во говорот откако ѝ беше врачен „Оскар“ за најдобра споредна женска улога за филмот „Моќна Афродита“ (1995).

Видеото е прилично емотивно бидејќи кога таа на сцената вели дека татко ѝ Пол ја научил сè што знае за глумата, тој го покри лицето со рацете и се расплака додека седи до нејзината мајка Лорејн Дејвис.

Говорот се одржа на 68. Церемонија на доделување „Оскари“ во 1996 година што се одржа во „Дороти Чендлер“ во центарот на Лос Анџелес.

„Кога ми ја давате оваа награда, му оддавате почит на мојот татко Пол Сорвино, кој ме научи на сè што знам за глумата“, рече таа. „Те сакам многу, тато!“

Можете да прочитате

Храна богата со биотин го стимулира растот на косата

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Огласувачите го напуштаат ТикТок

Утрински Весник