Утрински Весник
Македонија

Со „ноќен радар“ 116 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Screenshot

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21 до 24 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 116 возачи.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место.

Screenshot

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Четврток неработен ден за граѓаните од влашката заедница во С.Македонија

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната 

В среда ќе се прегласува на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица