Утрински Весник
Свет

Свинска глава оставена на влезот во џамијата во Грац

Свинска глава оставена на влезот во џамијата во Грац
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Непознато или повеќе лице синоќа оставило свинска глава на влезот во џамија во Грац, Австрија, јавува агенцијата „Анадолија“. Џамијата работи во рамките на Австрискиот турско-исламски сојуз за култура и социјална помош (ATIB).

dobivaj vesti na viber

„Силно го осудуваме овој напад. Почитувањето на местата за богослужба, верските чувства и институциите се меѓу неопходните сегменти на сите модерни општества“, соопшти ATIB, пренесува Fenix ​​Magazine.

Турскиот амбасадор во Виена, Озан Џејхун, во изјава за Анадолија, го осуди инцидентот, за кој рече дека има за цел провокација. Џејхун додаде дека ги чекаат резултатите од истрагата за овој случај.

Умит Вурал, претседател на Австриската исламска заедница, која ги претставува муслиманите кои живеат во Австрија, рече дека внимателно ги скедат случувањата и дека се во контакт со локалните власти.

„За жал, нашите џамии се цел на напади веќе неколку години во Грац. Ова е прашање што треба да се сфати многу сериозно. Го осудуваме овој грозоморен напад“, рече Вурал.

Во Грац, на влезот во џамијата во 2016 година истотака била оставена свинска глава.

Можете да прочитате

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо