Утрински Весник
Свет

Светска банка и додели на Турција 600 милиони долари за борба против поплавите и сушата

Svetska Banka.webp.webp

Светската банка објави дека нејзиниот Одбор на гувернери одобрил финансирање од 600 милиони долари за поддршка на напорите на Турција да го заштити своето население во борбата против поплавите и сушите кои стануваат се почести и интензивни поради климатските промени.

Проектот за справување со управување со поплави и суша во Турција ќе помогне да се зголеми контролата на опасностите од поплави за луѓето кои живеат во области подложни на поплави, се вели во соопштението на банката.

Во него се наведува и дека поплавите (близу 30 отсто од природните непогоди во земјава во последно време се поради поплави), предизвикуваат големи економски штети и се причина за се повеќе човечки жртви.

Сушата е уште еден клучен предизвик, особено за Турција, која е деветти најголем производител на земјоделски производи во светот, се вели во соопштението на Светска банка.

Можете да прочитате

Тело на новороденче пронајдено во канта за ѓубре, уапсени маж и жена во Лондон

Трагедија во Швајцарија: Три лица настрадаа кога се урна скеле на зграда висока 60 метри

Во близина на Москва се урна патнички авион, загинаа три лица