Утрински Весник
Македонија

Свечено доделување на наградите „Антево слово“

20240709160250 Big 730x400 69.webp.webp

Во спомен собата на Анте Поповски во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечерва во 19 часот ќе се одржи седмото издание и официјалното доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба.

Во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“, наградата „Антево слово“ е конституирана во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, како дел од оваа меѓународна манифестација, што се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

-По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на седмиот Меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“ на македонски и италијански или англиски јазик, со свои дела се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија, Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар. Годинава, првата награда ја доби Македонка Божиновска, втората награда им припадна на Милена Сиљаноска и Александра Спасеска, третата награда ја делат Рекио Фебија од Италија и Антева Темјана, односно Силвана Димитриевска, а добитникот а наградата за млад автор на годишниот поетски конкурс е Васја Мицковски, наведуваат организаторите.

На свеченото доделување на наградите ќе присуствува Геро Ла Векија, а оваа година ќе се доделат наградите и за добитниците од изминативе пет години. Лауреати кои се носители на наградата „Антево слово“ се: Томислав Османли, Катица Ќулавкова, Драгана Евтимова, Иван Антоновски, Ива Дамјановски и Виолета Танчева-Златева. Своите наградени стихотворби ќе ги презентираат и останатите наградени.

Освен наградите за авторите ќе бидат доделени благодарници и на личности кои го помогнале „Антево слово“ низ годините. Настанот ќе го води Александра Велинова, а преводот на италијански јазик ќе го проследи Маја Божиновска.

Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари