Утрински Весник
Свет

Сутај Есток: Критичар на одлуката да запре испораката на оружје за Украина пукаше во словачкиот премиер

Screenshot 2024 05 16 184056.png

Човекот што истрела пет куршуми со кои тешко го рани Роберт Фицо беше жесток критичар на одлуката на словачкиот премиер да ја запре испораката на оружје за Украина, изјави министерот за внатрешни работи Матуш Сутај Есток. Фицо беше застрелан додека ги поздравуваше поддржувачите во малиот град Хандлова. Напаѓачот веднаш беше уапсен, а премиерот итно беше пренесен во болница во тешка состојба. Локалните власти претходно соопштија дека зад нападот има „јасна политичка мотивација“. Медиумите го идентификуваа напаѓачот како Јурај Цинтула (71), за кој се вели дека е основач на Словачката асоцијација на писатели и поддржувач на опозициската партија Прогресивна Словачка. Сутај Есток ги потврди медиумски извештаи дека „насилникот е обвинет за кривично дело обид за убиство со умисла“ и нагласи дека тоа е „политички мотивиран чин“. Според министерот, осомничениот внимателно ги следел домашните и меѓународните настани и протестирал против неколку владини политики, вклучително и затворањето на Специјалното обвинителство и суспензијата на воената помош за Украина. Фицо, критичар на западниот став за украинскиот конфликт, кампањата ја водеше со ветување дека ќе ја намали испораката на оружје за Киев, што и го стори откако ја презеде функцијата премиер. Министерот Сутај Есток го опиша напаѓачот како „т.н. осамен волк“ што не е поврзан со ниту една група.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж