Утрински Весник
Македонија

Судот одреди притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош

Whatsapp image 2026 03 03 at 17.22.26.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата, објави 4news.mk 


По предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Можете да прочитате

СДСМ: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

Левица: Деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ покажа ревизијата

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија