Утрински Весник
Магазин

Судот одлучи: Сцената од филмот „Ромео и Јулија“ не е детска порнографија

Судот одлучи: Сцената од филмот „Ромео и Јулија“ не е детска порнографија
300x250 (7)

Судот во Калифорнија ја отфрли тужбата на главните актери во филмската адаптација „Ромео и Јулија“ од 1968 година против „Парамаунт пикчрс“ поради сцена во која нивните ликови се будат голи во кревет заедно, пренесува „Њујорк тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Актерите, Оливија Хуси и Леонард Вајтинг, во тужба поднесена минатата година, тврдеа дека режисерот на филмот, Франко Зефирели, ги уверил дека ќе носат долна облека во месо боја за сцената во спалната соба. Во тоа време и двајцата биле малолетни. Но, утрото на снимањето, тврдат во тужбата, тој сепак им рекол дека „мора да бидат голи или филмот ќе пропадне“.

300x250 (7)

Тие исто така тврдеа дека „Парамаунт“, дистрибутерот на филмот, знаел или требало да знае дека снимката од нивните голи тела е незаконски добиена. Во судските документи, адвокатите на актерите навеле дека сцената се квалификува како детска порнографија. Хаси имала 16 години кога се снимал филмот, а Вајтинг 17.

Актерите, кои сега се во своите 70-ти, планираат да се обратат до повисок суд.

Адвокатот на Парамаунт го оспори тврдењето на актерите. Тој тврдеше дека сцената не била ласцивна и инсистираше на тоа дека поминало премногу време од настанот.

„Филмот не е детска порнографија. Тоа го докажува фактот дека е исклучително познат, дека е во дистрибуција веќе 55 години и дека го гледале или поседувале милиони Американци без никакво претходно тврдење од органите на прогонот, обвинителите или нивните родители дека тоа е детска порнографија,“ заклучи адвокатот на „Парамаунт“ Ричард Кендал.

Судијката во округот Лос Анџелес, Алисон Мекензи, рече дека ќе ја отфрли тужбата на актерите, со образложение дека нивниот приказ во филмот не може да се смета за детска порнографија и дека тие ја поднеле тужбата предоцна.

Инаку, филмот за кој станува збор е награден со два „Оскари“.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август