Утрински Весник
Свет

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран,  жени палат шамии
Ss2

Припадниците на иранската полиција и безбедносните сили денеска се судрија со демонстрантите во неколку градови низ земјата кои продолжуваат да протестираат поради смртта на младата Иранка, Махса Амини, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Амини (22), девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина во притвор во Техеран минатата недела, откако беше уапсена од моралната полиција поради непочитување на правилата за носење хиџаб, објави Ројтерс.

300x250 (7)

Нејзината смрт предизвика големи протести на улиците во Иран, први откако властите ги разбија протестите против покачувањето на цената на бензинот во 2019 година.

И покрај тоа што бројот на загинати секојдневно се зголемува и властите ги разбиваат немирите, видеата објавени на Твитер покажуваат дека демонстрантите повикуваат на пад на верските власти додека се судираат со безбедносните сили во Техеран, Табриз, Карај, Јазд и многу други ирански градови, пренесува медиумот.

Државната телевизија објави дека полицијата се судрила со, демонстраните во некои градови и употребила солзавец за да ги растера.

Видеата објавени на социјалните мрежи од внатрешноста на Иран покажуваат дека демонстрантите извикуваат „Жена, живот, слобода“, додека жените мавтаат и ги палат нивните превези.

На видеата на Твитер, може да се видат демонстранти како извикуваат „Смрт за диктаторот“ во градот Табриз, повикувајќи се на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Неколку универзитетски професори поднесоа оставка во знак на протест поради смртта на Аминија, според нивните изјави објавени на социјалните мрежи.

Студентите на неколку универзитети одбија да учествуваат на часовите во знак на протест против големите апсења на студенти и судирите со безбедносните сили на универзитетот.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња