Утрински Весник
Македонија

Заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници

Заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници
300x250 (7)

Заедничка хуманитарна акција на црквите и верските заедници во соработка со Комисијата за односи со верските заедници се одржа денеска во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Претставници на хуманитарните организации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква и Евангелската црква заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) посетија социјално ранливи семејства во Скопскиот регион и донираа храна, хигиенски средства и топол разговор за утеха и охрабрување на граѓаните кои се соочуваат со предизвиците кои ги наметнуваат актуелните кризи.

300x250 (7)

„ Акцијата се одржува и со цел да се испрати порака дека во вакво кризно време потребна ни е заеднички изразена солидарност, заедништво, сочувствителност. Иако верувањата ни се различни, припаѓаме на различни народи, говориме различни јазици, на сите заедничко ни е што сме луѓе, а тоа се согледува по нашата човечност“ соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула