Утрински Весник
Македонија

Студентка со поткуп добила лиценца за стоматолог, уапсени три лица

Podnesena krivicna prijava za tri lica za davanje nagrada za protivzakonit image.jpg

На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица. А.Т.(27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ст.2 в.в. ст.1 и С.Е.(63) од Скопје за „примање поткуп“ по член 357 ст.1 од КЗ.

Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени се претреси кај второ и третопријавениот при што се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65.280 евра 29.840 франци и 161.500 денари.

Пријавената А.Т. како студент на Стоматолошки факултет со намера да се стекне со Уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку на платформата Вибер, на пријавениот С.Ч., професор на Стоматолошки факултет и поранешен Потпретседател на Стоматолошка комора му дала награда во вид на парични средства кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка.

Парични средства му биле дадени на С.Ч. со цел истиот да изврши влијание кај пријавениот С.Е. во својство на Претседател на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство, при што пријавената А.Т. во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со Уверение за положен стручен испит.

Можете да прочитате

Две тинејџерки извлечени од Охридското езеро, со СУП даски заглавиле сред езеро

До крајот на неделава водата во Гостивар ќе може да се пие, уверува Клековски

Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански” во Штип: Со засилено темпо продолжуваат капиталните инвестиции во Армијата