Утрински Весник
Македонија

Студено време со температури под нулата

Студено време со температури под нулата

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието

Можете да прочитате

Малолетници од Тетово запалиле македонско знаме, еден од нив го признал делото

Ревизорите со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Утрово голема акција на повеќе од 20 локации: Под истрага мрежа за шверц на цигари