Утрински Весник
Спорт

Пропадна трансферот на Зијеш во ПСЖ

Пропадна трансферот на Зијеш во ПСЖ
300x250 (7)

Хаким Зијеш е најголемиот губитник во зимскиот преоден рок. Мароканецот договори личните услови со ПСЖ, во Париз чекаше Челзи да ги испрати потпишаните сите потребни документи, на крајот по серија бизарни настани, трансферот му пропадна во последните минути.

dobivaj vesti na viber

Клубовите сè уште преговараа кога Зиех ги помина медицинските тестови во Париз и чекаше документација со која ќе биде потврдена неговата позајмица од Челзи до крајот на сезоната.

300x250 (7)

По интензивните преговори дали ПСЖ ќе го купи мароканскиот репрезентативец, на што инсистираше Челзи, или само ќе го позајми до крајот на сезоната, што беше желба на парискиот клуб, конечно беше постигнат договор за позајмица. . Потоа сето тоа пропадна поради неверојатните пропусти што ги направија на Стемфорд Бриџ.

Француските новинари дознаа дека Челзи најпрвин испратиле погрешно потпишан документ, откако во ПСЖ ја воочиле грешката и реагирале, уште еднаш од Лондон биле испратени документите, но на погрешна адреса.

Во Париз наводно се бесни и подготвуваат жалба до здружението на француски прволигаши. Токму на таа адреса, наместо на ПСЖ, според француските медиуми, Челзи ја испратил потребната документација. Кога пристигна во парискиот клуб, преодниот рок бил завршен.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал