Утрински Весник
Македонија

Студено утро, преку денот сончево

Sonce zima

Изутринава ќе преовладува студено време, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 12 во Берово до – 6 Целзиусови степени во Дојран, а максималните дневни од нулата на Попова Шапка до 8 во Дојран.

Утре, времето ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови со локални врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од – 9 до – 5, а максималните од 4 до 9 Целзиусови степени.

Можете да прочитате

Гаши: Децентрализацијата е важен демократски принцип за зајакнување на локалната самоуправа

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Министерот Зејнула презема важен ресор во Владата – меѓународни партнерства и странски инвестиции