Утрински Весник
Македонија

Студено утро, облачно и со локален дожд

Студено утро, облачно и со локален дожд

Времето во земјава наутро студено, во текот на денот променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје и во околината, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.

Од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина