Утрински Весник
Спорт

Се разделија Икарди и Ванда Нара

Се разделија Икарди и Ванда Нара

Ванда Нара и Мауро Икарди се разделија по осум години брак. Менаџерката ова на јавноста и го соопшти преку социјалните мрежи. Икарди и Нара имаат две ќерки.

dobivaj vesti na viber

„Многу ми е болно да го живеам овој момент, но со оглед на мојата експонираност и работите што ги надминуваат медиумските шпекулации, подобро е да дознаат од мене. Немам што повеќе да појаснам и нема да откривам никакви детали за разделбата. Ве молам, ве молам разберете не само за мене, туку и за нашите деца“, напишала Ванда.

Уште во октомври минатата година изби скандал кога Ванда го обвини Икарди за неверство, поради што привремено ја прекинаа врската, но подоцна се смирија и продолжија со заедничкиот живот.
Причина за кавгата меѓу познатиот аргентински пар била аргентинската актерка Чина Суарез. Тогаш се чинеше дека бракот целосно пропадна, но тие продолжија да живеат заедно, а сега изгледа дека се е готово.

Сето ова доаѓа неколку недели откако Икарди го напушти ПСЖ за да потпише за Галатасарај. Сопругата на Икарди, Ванда, беше негов менаџер и се грижеше за неговата кариера.

Можете да прочитате

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место