Утрински Весник
Свет

Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година

Severna Korea.webp.webp

Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат откако таа ги затвори границите за туризмот во 2020 година поради Ковид-19, за да ги прегледаат новите туристички места, објави денеска веб-страницата на туристичката агенција Корјо турс.

„Персоналот на Корјо турс, вчера во раните утрински часови, премина во североисточниот пограничен град Расон во Северна Кореја како дел од специјалното патување само за персонал, бидејќи земјата сè уште не е целосно отворена за туризам“, се наведува на веб-страницата на британската туристичка агенција со седиште во Пекинг, објави Јонхап.


„Патувањето имаше за цел да се разговара со партнерите, да се проверат сите нови туристички места и да се дознаат клучните новости во севернокорејскиот туристички сектор“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен