Утрински Весник
Свет

Стотици летови во Европа откажани поради штрајк на француските контролори на летање

Images 11.jpg
Ss2

Стотици летови од француските аеродроми ќе бидат откажани што значително ќе го наруши воздушниот сообраќај и патувањето во Европа во наредните денови.

Француските власти не успеаја да постигнат договор и да избегнат штрајк на контролорите на летање, па се очекува тој да влијае значителен дел од Европа.

Img 5587

Откажувањата и доцнењата ќе влијаат на голем дел од Европа, а француските власти бараат од авиокомпаниите да откажат три четвртини од летовите од парискиот аеродром Орли и 55% од аеродромот Шарл де Гол, како и две третини од летовите до Марсеј, објавија агенциите.

– Француските контролори на летање имаат право на штрајк, но ние треба да ги откажеме француските летови, а не патувањата од Ирска до Италија, од Германија до Шпанија или од Скандинавија до Португалија – изјави директорот на Рајанер, Мајкл О’Лири.

Поради штрајкови на контролорите, минатата година во Европа беа откажани 16.000 летови, додека 85.000 беа одложени.

Патниците се предупредуваат навреме да го проверат распоредот на летање и да се запознаат со можните промени.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56