Утрински Весник
Македонија

Сторителот на убиството во Тетово не е фатен: Се проверуваат снимки од видеонадзор

Lenta Policija 4.jpg

Полицијата се уште трага по сторителот на убиството од вчера во Тетово, соопштија од обвинителството.

„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење.

МВР постапува за откривање на сторител“, стои во соопштението на Обвинителството испратено до медиумите.

Причините кои довеле до престрелката се уште не се познати.

За потсетување, како што информиравме, вчеравечер едно лице од возило мерцедес, пукало кон друго возило бмв, во кое било сега починатиот Р.Т. Од повредите мажот починал.

„Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило “мерцедес” пукало кон возило “бмв” во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.

Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, изјавија од МВР.

Можете да прочитате

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Не глумете опозиција, власт сте

Случајот е затворен: Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака

Обвинение за пет лица во случајот „Грчец“