Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Русија ќе мора да одговори на прашањата за околностите за смртта на Навални

Picture 933 660x487 1.jpg

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт. „Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт“, рече Столтенберг. Канцеларијата на Федералната казнео-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка во соопштение наведува дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува. Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

Можете да прочитате

Трамп потпиша нови санкции против Куба, Хавана возврати: Нема да нѐ заплашите

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари на сојузниците од Блискиот Исток

Дванаесет лица убиени во Либан во израелски напади