Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Oние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат

Dafina Stojanoska 1170x658 1.jpg

Во оваа држава дојде време кога за оние кои противзаконски постапија сега ќе треба да се одговара и на ДУИ сега им е чудно што Уставен суд треба да донесе одлука, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија.

„Премиерот кажа дека се е под контрола и нема да се дозволи ништо што е спротивно на закон. Доколку тие кампуваат и останат до среда и не прават никакви останати проблеми нека стојат. Се додека се зборува за мирно протестирање секој има право, тоа е уставно загарантирано право“, кажа Стојаноска.


Таа посочи дека тие луѓе кои правеле парадокси, кршеле закони, сега треба да почитуваат одлука на Уставен суд.

„Едноставно тие треба да се соочат со тоа дека во оваа држава дојде време за се што е постапено противзаконски да треба сега да одговараат“, вели Стојаноска

Можете да прочитате

ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Македонија да се случи што е можно поскоро

М.Г. Фешн предлага нови членови за Надзорниот одбор на „Македонијатурист“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби