Студениот воздух ќе го претвори дождот во снег од доцна сабота до недела наутро од север кон југ преку Алпите. Вистинска снежна бура се очекува над Австрија и делови од Словенија, пишува Severe Weather Europe .
„Ќе се развија голема бура кон западна Европа и ќе се интензивира со големи врнежи од снег идната недела“, се наведува во соопштението.
Многу региони ќе бидат погодени од силни врнежи на дожд и на снег, а условите за патување ќе бидат отежнати.
По блокираниот проток над Северен Атлантик, доминантна карактеристика ќе биде значајниот систем со висок притисок, заедно со длабоката депресија која се движи од Обединетото Кралство, Холандија, Белгија и Германија, а во текот на викендот ќе завладе вистинско зимско време.
Во прокото помеѓу висок и низок притисок ќе овозможи ладната воздушна маса да се прошири и далеку на југ кон запдна и југозападна Европа, вклучувајќи ја и северозападна Африка. Ова ќе донесе снег на Пиринеите и Алпите.
Главната интересна карактеристика ќе биде атлантската бура која брзо се развива, која ќе влезе во Ирска и Велика Британија во петок и ќе се развие во голем фронтален систем додека се движи низ западна Европа во сабота.