Утрински Весник
Свет

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина, причина продолжените израелски напади во Либан

Ormut.webp.webp

Заедничката воена команда на Иран денеска соопшти дека Ормуската Теснина повторно е затворена за пловидба, притоа наведувајќи ја како причина за таквата одлука продолжувањето на израелските напади во Либан и, како што се посочува, неисполнувањето на американската обврска да го окончи тој конфликт.

Во соопштение на Командата емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи израелската агресија во Либан, ќе бидат преземени и дополнителни чекори.


Претходно оваа седмица бродовите почнаа повторно да пловат низ Ормус откако беше склучен привремениот договор меѓу САД и Иран.

Во денешните израелски напади врз јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, само неколку часа по извештаите дека е постигнат договор за прекин на огнот.

Можете да прочитате

Во судирите меѓу Израел и Хезболах од март досега убиени над четири илјади лица

Остар одговор на Мелони на повторените забелешки изречени од Трамп

Мажиновозач загина, а 89 патници се повредени во судар на два воза во северен Лондон