Утрински Весник
Македонија

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

20260614171307 big 730x400 98.webp.webp

Голем пожар изби меѓу штипските села Долани и Љуботен. Според првичните информации зафатена е поголема површина шума. На терен од 15 часот се повикани сите штипски пожарникари.

Благодарение на брзата реакција и помошта од локалното население, кое со трактори изорало заштитни појаси, огнот од страната кон селото Долани е ставен под контрола и изгаснат, со што е спречена опасноста од негово ширење кон куќите. Ситуацијата во Долани е смирена, пожарот во моментов се шири во правец кон селото Љуботен. Горат сува трева, нискостеблеста вегетација и борова шума, што го отежнува гаснењето поради непристапниот терен и ветерот.


При гаснењето на пожарот, едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипите на Итната медицинска помош веднаш реагирале и му укажале соодветна лекарска помош.

Според последните информации од теренот, нема други повредени лица, а надлежните служби остануваат целосно мобилизирани до целосно изгаснување на огнот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол