Утрински Весник
Култура

Стендап-комедија со Бојан Велевски в сабота во Кисела Вода

Стендап-комедија со Бојан Велевски в сабота во Кисела Вода

Жителите на општина Кисела Вода оваа сабота, 23 септември, имаат можност да го збогатат своето секојдневие со моменти на среќа и смеа во паркот „Македонија“ (кај Домот на културата „Билјана Беличанец“), каде што свој стендап-настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов.

dobivaj vesti na viber

Човекот, кој има инспирација секогаш да нè насмее, миленикот на сите генерации, Бојан Велевски, подготвува прекрасна саботна вечер, во која сите присутни ќе може да се опуштат и насмеани и расположени да уживаат, велат организаторите.

Настанот е закажан за 20 часот и за него не се потребни влезници. Тој е дел од неговата голема турнеја, најголемата стендап-турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани.

Можете да прочитате

Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Дванаесеттата Европска Ноќ на Литературата

ОН организира натпревар во цртање одбележувајќи ја 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права

Промоција на три стихозбирки од едицијата „Гравири“