Утрински Весник
Скопје

Стефковски: Гази Баба ќе субвенционира 100% за стерилизација на домашни миленици

Javen Povik.jpg

Општина Гази Баба започна со реализација на нова мерка за граѓаните, а тоа е субвенционирање за стерилизација на домашни миленици.

Од општината информираат дека е објавен јавен повик на кој граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и да добијат субвенција за стерилизацијата на домашните миленици во висина од 100%, но не повеќе од 6000 денари.

За новата мерка, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во своја објава на социјалните мрежи во која напиша:

„Со задоволство сакам да објавам една нова мерка, а тоа е субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици.

Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок.

Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината.

Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност“, заклучи Стефковски.

Општина Гази Баба ги повикува граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на субвенции.

Јавниот повик со условите е објавен на веб страната на општина Гази Баба.

Можете да прочитате

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Во недела 14. издание на Авицена женска трка

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации  во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето