Утрински Весник
Скопје

Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини

Viber image 2026 09 28 08 42 42 579.jpg

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.


ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот,  на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Можете да прочитате

Средба со бордот на директори од ЕБОР – Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните 

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана” нема да го ставам на дневен ред на Советот

„Вкуси ја Македонија во чаша” – три дена вино, музика и македонски вкусови во „Македонско село”