Утрински Весник
Свет

Стано: ЕУ ги покани Вучиќ и Курти на средба во Брисел

Стано: ЕУ ги покани Вучиќ и Курти на средба во Брисел

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти се поканети во Брисел на средба на високо ниво со цел да се најде „европско решение“ за моменталната состојба.

dobivaj vesti na viber

„Се надеваме дека средбата ќе се одржи многу брзо“, им рече Стано на новинарите, истакнувајќи дека причината за свикување на состанокот е „итноста на ситуацијата да се најде европско решение“, пренесе Танјуг.

„Ги поканивме во Брисел да разговараат за начин како да се најде излез. Се надеваме дека ќе дојдат многу брзо, за да можеме да го решиме прашањето, пред 21 ноември, а не потоа, како што рече високиот претставник ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел“ – изјави Стано.

Можете да прочитате

УНРВА го означи раселувањето на жителите на Рафа како нехумано

Британец добил џекпот од 10,2 милиони фунти и го поделил со своите соседи

Бројот на загинати во Газа надмина 35.000