Утрински Весник
Спорт

Јунајтед во две реченици се огласи по интервјуто на Роналдо

Јунајтед во две реченици се огласи по интервјуто на Роналдо
Ss2

Манчестер јунајтед денеска објави кратко соопштение откако вчера вториот дел со Кристијано Роналдо го објави најпопуларниот англиски новинар Пирс Морган.

dobivaj vesti na viber

Португалецот во интервјуто жестоко ги критикуваше Манчестер јунајтед, управата, тренерите и некои поранешни соиграчи.

„Манчестер јунајтед утрово ги презеде соодветните чекори по неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо за медиумите. Клубот нема да коментира на оваа тема додека не заврши внатрешниот процес во клубот“, објави Манчестер јунајтед на своите официјални канали.

Да потсетиме, Роналдо изјави дека кога се вратил минатото лето, во Јунајтед ја затекнал истата ситуација како во 2009 година кога заминал во Реал Мадрид. Покрај тоа, тој рече дека клубот го изневерил, го критикуваше Ерик Тен Хаг, а за поранешниот тренер Ралф Рангник рече дека воопшто не му е јасно како завршил во Јунајтед кога воопшто не бил тренер.

 

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ