Утрински Весник
Македонија

ССНМ: Колективните договори се основа за подобрување на работничките права во медиумите

20250501102540 big 730x400 67.webp.webp

Соопштение на ССНМ

MK Summit

Денот на трудот, 1 Мај, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го одбележува со предупредување/укажување дека новинарите и медиумските работници во Македонија работат во услови на прекаријат каде што само една третина од вработените во медиумите (околу 700 од 2.100) се покриени со колективен договор. Позитивни и подобрени права по Колективните договори ги ползуваат само вработените во јавниот сектор, односно таканаречените „државни“ медиуми, додека новинарите и медиумските работници во приватниот сектор се уште се соочуваат со низа прекршувања на работничките права и нивна помала заштита.


Укажуваме дека во услови на ниски плати, каде што речиси 70 проценти од медиумските работници и 50 проценти од новинарите земаат плати под просечната тешко е остварливо начелото на професионално и објективно известување бидејќи само социо-економски обезбедни новинари може да бидат чувари на јавниот интерес. Работа во услови на прекаријат, несигурни работни места, краткорочни договори или само хонорарни договори, непочитување на одредбите за годишен одмор, за работното време, неисплата на прекувремена работа или празнични дневници се уште се болни точки за новинарите и медиумите кои по дефиниција извршуваат работа од јавен интерес која е еден од столбовите за развој на едно демократско општество.

Овој 1 Мај потсетуваме дека борбата за подобрување на условите за работа, зголемување на ниските плати, навремена исплата на платите и во јавниот и во приватниот сектор, е основа и оди рака под рака со борбата за слобода на изразување и слободно информирање на граѓаните. Борбата е постојана и зависи од здружувањето и заедништвото при инсистирањето за подобрување како на социо-економските услови, така и на условите за професионално и објективно известување.

Можете да прочитате

Цел Гостивар остана без вода, екипи работат на отстранување на дефектот

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Цел Гостивар остана без водоснабдување